Always low prices and perfect quality

Cart 0
Cart 0

За нас

Поим за традиција и квалитет!

Прима Промет Инженеринг

Прима Промет е фамилијарна фирма која претставува синоним за доверба и квалитет на македонскиот пазар во поглед на трговијата со градежни материјали. Компанијата е основана во 1995 година и своите темели ги поставува преку продажба на разновидни висококвалитетни градежни материјали. Во 2005 година го отвара и својот салон Спачва и започнува продажба на висококвалитетни подови и врати. Спачва дожививува огромен успех на македонскиот пазар и по долгогодишно работење сеуште важи за една од најдобрите продавници. Огромниот успех е причина и повод за OSMO holz und color ја одбере и Прима Промет како свој официјален претставник во Македонија и со тоа станува дел од една традиција која продолжува да трае.

Ние Ви нудиме разновиден асортиман на врати, паркети и масла со висок квалитет и пристапна цена

Наши бенифиции

Зошто да нѐ одберете нас

Услуги

Ние нудиме навремена , квалитетна и брза монтажа на секој наш производ.

Компанијата „Прима Промет Инженеринг“ во својот изложбен салон спачва нуди голем избор на различни видови за секаква намена. Долгогодишното искуство ни овозможува да направиме вистински и правилен избор на добавувачи за да ја исполниме секоја желба на клиентот.

Подови

За подовите се грижи квалитетно одбрана екипа од повеќе мајстори кои имаат поминато обука во сите компании кои Спачва ги застапува во македонија. Специјализирани сме за монтажа и обработка на секаков тип на под.

Уникатна понуда: Стругање на подот без прашина. Користиме најнови машини за стругање на подот кои се дирекно поврзани со индустриска правосмукалка и со тоа не создаваме никаква прашина или било каков отпад во вашиот дом.

Врати

За монтажа на вратите се грижат надворешни соработници кои веќе долги години соработуваат со нашата компанија.

Монтажата се состои од целосно склопување , поставување и финално подесување и китирање на вратата. Нудиме монтажа на собни и влезни врати.

Масло ОSMO

Како официјален застапник на германскиот бренд за масло OSMO ние нудиме целосна едукација за ваквиот тип на заштита. Доколку се занимавате со производство или обработка на дрво за било која намена а сакате да му дадете оптимална , квалитетна и 100% природна заштита контактирајте не а ние ке ви помогнеме да го одберете вистинскиот производ за вашите потреби а истовремено ке ве едуцираме како истиот се користи.

Услуги
Подови
Врати
Масло ОSMO

Подетални информации може да добиете во нашиот продажен салон

Клиентите се едни од нашата главна мисија, а нивната удобност главна визија

Мисија и Визија

Продажба на висококвалитетни производи од реномирани компании и задоволување на барањата на потрошувачите следејки ги секогаш последните светски трендови.

Мисија

Прима Промет

Kреирање на препознатлив имиџ преку кој кај нашите потрошувачи, соработници и вработени ќе се идентификуваме како сигурен партнер кој ја заснова својата дејност на доверба, сигурност и квалитет во работењето.

Визија

Прима Промет